(ВИДЕО) Хаос во општина Будва: Фрлен солзавец на седницата, приведени пет советници

Од:

Приватното обезбедување на Општинското собрание на Будва употреби хемиско средство за време на седницата.

Според Вијести, во собраниската сала за малку не дошло до физички контакт помеѓу советниците Крсто Раѓеновиќ (СНП) и Милија Секуловиќ (ДПС).

Членови на Демократскиот фронт и СНП влегле на седницата закажана од новото мнозинство во Општинското собрание на Будва по бројните препреки со приватното обезбедување на влезот од зградата.

Уапсени се пет советници – Крсто Раѓеновиќ (СНП), Јанко Димиќ, Дејан Божовиќ, Наташа Митровиќ и Ѓорѓе Вујовиќ од Демократскиот фронт (ДФ).

Јанко Димиќ претходно рече дека бил фрлен солзавец и дека советниците се избркани.

Членови на новото мнозинство во општина Будва претходно влегоа во зградата на Општинското собрание, а членовите на ДФ беа запрени на главниот влез од страна на приватното обезбедување.

Советниците на ДФ и СНП одбија да покажат легитимација на обезбедувањето од приватна агенција која исто така не сака да се идентификува.

Претставниците на медиумите повторно биле запрени на влезот во зградата.

Jutros je privatno obezbjeđenje čuvalo zgradu Opštine. Iako su po Zakonu dužni da imaju identifikacione pločice, oni to nemaju a okretanjem leđa su odbili da im se fotografišu lica.

Posted by Demokratski front Budva on Сабота, 27 јуни 2020

Новинарка на „Побједа“ била насилно исфрлена од ходникот, а советниците на ДФ се обиделе да ја одбранат од приватно обезбедување.

Собранието на општина Будва денеска треба да донесе одлука за изборот на новото општинско раководство, откако тесно мнозинство советници, предводени од ДПС, ги замени градоначалникот Марко Царевиќ и претседателот на локалниот парламент, Крсто Радовиќ.

Во последниве денови се случија неколку инциденти и судири меѓу полицијата и граѓаните во Будва, приврзаници на власта, предводени од Царевиќ и Радовиќ.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Србин силувал жена на плажа во Будва, во тек е потрага по него