ВИДЕО: Голема спасувачка акција за извлекување на Американец загавен во пештерски комплекс во Труција

Од:

Голема спасувачка операција е започната во Турција откако Американец остана заробен во третиот најдлабок пештерски комплекс во земјата. Околу 150 луѓе учествуваат во спасувањето на Марко Дики (40) откако во саботата се зароби во пештерата Морча, меѓу нив има и спасувачи од Хрватска и други земји.

Дики беше ко-водител на тимот кој мапираше нов премин во пештерата кога доживеа крварење во дигестивен тракт. Турската спелеолошка федерација соопшти дека операцијата за спасување е многу сложена бидејќи тој е заглавен на длабочина од 1.120 метри (3.675 стапки).

„Операцијата логистички и технички е една од најголемите спелеолошки спасувања во светот“, велат тие, додавајќи дека е започната долга и напорна спасувачка операција за да се извади Марк на носилки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски