ВИДЕО: Голем пожар кај Задар, пожарникарите цела ноќ се бореле да ги одбранат куќите

Од:

Голем пожар ја зафати околината на Задар вчера попладне. Гасењето на огнот го отежнуваше бурата која го зафати регионот, а огнената линија се протегаше стотици метри.

Загрозени биле дел од куќите во најблиското село. Пожарникарите цела ноќ се бореле да го спречат ширењето на пожарот во регион каде што се наоѓаат куќи и други објекти.

Според последните информации од утрово, пожарот веќе не им се заканува на куќите. Пожарникарите го ставиле погнот под контрола некаде околу 2.30 часот утрово.

Огромен број противпожарни екипи и припадници на други спасувачки служби и натаму се на терен.

Би можело да ве интересира

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ