(ВИДЕО) Голем пожар кај Шибеник: Ситуацијата е многу лоша

Од:

Малку пред 13 часот, пожар избувна во близина Шибеник. Пријавата е примена околу 12:45 часот, а пожарникарите се на местото на настанот. Пожарот се проширил преку ридот кон економска зона, известуваат хрватските медиуми од терен.

Два канадериа, четири ер-трактори, 44 пожарникари со 17 возила моментално се вклучени во гаснењето на пожарот. Полицијата ја објави причината за пожарот.

„Полициските службеници, преку преземените мерки и дејствија, како и врз основа на собраните информации, утврдија дека пожарот се случил за време на градежни работи со употреба на механизација“, соопшти полицијата.

Според пожарникарите кои се на терен, ситуацијата е многу тешка, објави Дневник.хр.

Би можело да ве интересира

Топ разнесе човек пред многу сведоци во Хрватска

А1он

Четворица мигранти спасени од надојдената река Сава се во болницата во Винковци

Горан Наумовски

Божиновиќ ги објави деталите за спасувањето на луѓето што паднаа во Сава, предупреди дека постои можност да има жртви

Голема спасувачка операција на реката Сава во близина на Бабина Греда: „Неколку луѓе се во водата“

(ВИДЕО) Ветерот корне дрвја и носи покриви во Хрватска: Училиштата се затворени во 4 окрузи, снегот го парализира сообраќајот

Железничка несреќа во Хрватска, тројца патници се повредени