ВИДЕО: Експлозија во фабрика за ракети во Турција, загинаа пет работници

Од:

Пет работници загинаа во експлозија во фабрика за ракети и експлозивни направи, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

Експлозијата се случи рано утринава во областа Елмадаг, во предградието на Анкара.

Причината за експлозијата се уште не е позната.

„Експлозија се случи во фабриката за ракети и експлозиви МКЕ во областа Елмадаг во Анкара. Во експлозијата загинаа пет наши работници. Покрената е кривична истрага за инцидентот“, соопшти Министерството.

Роднините на вработените кои дознале дека има експлозија во фабриката се упатиле пред објектот, објави ТГРТ Хабер.

Фабриката работи на исполнување на квотата за ракетни и експлозивни потреби на турското Министерство за одбрана и МВР.

Во фабриката се вршат експлозивни, термички и динамички тестови на ракетно гориво и барут.

По експлозијата на местото на несреќата пристигнале пожарникари кои го изгаснале пожарот, како и голем број амбулантни возила.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски