ВИДЕО: Една жртва и десетици повредени во земјотресот во Турција

Од:

Едно лице загина, а 29 лица се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала што го потресе синоќа регионот Баликесир и беше силно почувствуван во Истанбул и многу други градови.

Осумдесет и едногодишен маж почина откако беше извлечен жив од урнатините на станбена зграда во Сундерга, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Вложени се сите напори да се спаси откако беше извлечен жив од урнатините, но за жал тие беа неуспешни, изјави министерот, цитиран од весникот „Милиет“.

Тој рече дека состојбата на 29-те повредени не е сериозна и нема опасност по нивните животи. Уништени се 16 згради во руралните области.

Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби соопшти дека операциите за пребарување и спасување се прекинати преку ноќ. За денеска е закажан увид на штетите на зградите. Од соседните области е испратено засилување. Граѓаните се предупредени да не влегуваат во оштетените згради.

Опсерваторијата Кандили објави дека главниот земјотрес во регионот Баликесир бил проследен со три последователни потреси со магнитуда од 4,6, 4,1 и 4,0 и околу 15 со магнитуда над 3.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 200 последовни потреси ја погодија северозападна Турција, по ударот од 6,1 степен

(ВИДЕО) Се урна зграда по силниот земјотрес во Турција, луѓе се извлекуваат од под урнатините

А1он

Силен земјотрес го погоди западниот дел на Турција

А1он

ВИДЕО: Два силни земјотреса во Турција, девојче почина од напад на паника, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Нов земјотрес го погоди Истанбул

А1он