ВИДЕО Еди Рама збесна за време на пренос во живо: „Е*и се, е*и се“

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама вчера во еден момент ги загуби нервите за време на директниот пренос на неговиот говор на социјалните мрежи и почна да удира по масата. Снимката брзо стана вирална. За време на преносот, Рама го коментираше апсењето на неговиот близок соработник, градоначалникот на Тирана, Ерион Вељијај.

„Тој беше отстранет од функцијата без судење, затворен во ќелија, а Тирана остана без лидер“, рече Рама.

Градоначалникот на Тирана беше приведен од полицијата врз основа на истрагата што против него беше покрената минатата година. Тој е осомничен за корупција, поточно за кривично дело „пасивна корупција на високи државни функционери или избрани локални функционери“.

Рама во еден момент се фати за глава, удри со раката на масата и ја покри камерата со прстите. Неколку пати се слушна како вели „Е*и се, е*и се“.

Рама потоа повторно се приклучи на емисијата во живо.

„Многу ми е драго што тој момент остана на Инстаграм, бидејќи тоа е момент кој ги дели оние кои се тука со душа, оние кои се тука со своето срце, оние кои се тука исто толку колку и оние тренери на белата линија кои го бодрат тимот, кои се борат за тимот, кои се удираат со тупаници во глава кога тимот не постигнува гол…Кој не се лути на телефон, но овде не се работи за телефонот, тука се работи за страста за Албанија, за правдата, за демократијата и за Европа овде во Албанија. Ја извадија секирата за да им кажат на Албанците: Видете, ова е опасно, не гласајте за ова. Но, Албанците ви го дадоа одговорот“, рече Рама.

Би можело да ве интересира

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

А1он

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Рама клекна на колена, па и го честиташе роденденот на Мелони

Горан Наумовски

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он