(ВИДЕО) Еди Рама ја нападна британската влада на Твитер: Албанците не се криминалци, тие се добро ситуирани

Од:

Албанскиот премиер ја обвини во средата Велика Британија дека ги користи граѓаните на неговата земја како изговор за нејзината неуспешна имиграциска политика, по навредливите коментари на британските министри за порастот на бројот на албанските баратели на азил. Еди Рама ја нападна „лудата“ и „несериозната“ реторика на Британија, која тврди дека Албанците „се причина за сиот криминал и проблеми со границите“.

Во серија објави на Твитер, Рама рече дека британската реторика завршила со „казнување на невините“, вклучително и бизнисмени и вредни Албанци кои плаќале даноци во Британија.

Неговите коментари уследија по тврдењата на британските министри дека Албанците стојат зад порастот на пристигнувањето на мали бродови преку Каналот и дека многу од нив се вклучени во организиран криминал.

Запрашан за коментарите на Рама, претставник на британската влада рече дека британската влада е посветена на градење соработка со Албанците, вклучувајќи ја и борбата против илегалната миграција.

„Работејќи заедно, ќе продолжиме да ја користиме секоја можност за пресретнување на активностите на организираните криминални групи и шверцерите на луѓе“, рече портпаролот.

Во понеделникот, британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман рече дека има „зголемување на бројот на пристигнати Албанци“ и дека станува збор за особено млади, самци, кои биле или се дел од организирани криминални групи или вклучени во криминални активности како што е дрогата.

Рама рече дека 70 отсто од 140.000 Албанци кои се преселиле во Британија претходно живееле во богати европски земји како Италија и Грција и не патувале директно од Албанија. Тој рече дека Британија мора да се однесува со „почит“ кон неговата земја ако сака да направи повеќе за да помогне во решавањето на проблемот со мигрантите.

„Албанците во Британија работат напорно и ги плаќаат даноците“, рече тој. Обединетото Кралство треба да се бори против криминалните групи од сите националности и да престане да ги дискриминира Албанците“, нагласи Рама и додаде:

„Тергетирањето на Албанците како причина за британскиот криминал и граничните проблеми создава лесна реторика, но игнорира тешки факти. Да се ​​повторуваат истите работи и да се очекуваат различни резултати е лудост.

„Јас живеам во Британија и никогаш не сум сретнал Албанец кој не е вклучен во организиран криминал“, „Овие луѓе живеат од криминал, треба да ги вратиме во Албанија и да престанеме да кукаме“, „Тие плаќаат за да ги внесат нелегално и да ги уништат нивните лични карти, дали нашиот народ треба да се чувствува безбедно кога всушност не знае кој влегува во нивната земја? “, се коментарите на незадоволните Британци.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Фон дер Лајен: Извештајот за напредокот на земјите ќе биде објавен следната недела, Албанија со одлични резултати

А1он

Рама: Тажен сум што братска Македонија не е денеска со нас, нанесена и е голема штета

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ