ВИДЕО: Две жртви во пожар на грчкиот остров Саламина, евакуирани стотици жители и туристи

Од:

Две лица загинаа во пожарите што избувнаа на грчкиот остров Саламина, на околу 16 километри од Атина, соопшти грчката противпожарна служба. Најмалку девет лица се повредени.

Телата на двете лица биле пронајдени во близина на плажата Перистерија, во јужниот дел на островот, додека пожарникарите го гаснеле огнот.

Пожарот избувнал во мешана станбена и шумска област, а поради брзото ширење било наредено да се евакуираат жителите и туристите од погодените подрачја.

„Стотици туристи и жители се погодени од огнената стихија“, изјави портпаролот на противпожарната служба Јанис Артопиос за грчката државна телевизија ЕРТ.

Според него, два пожара биле забележани речиси истовремено во две популарни туристички области на југот и истокот од островот.

Во гаснењето се ангажирани 260 пожарникари, меѓу кои 15 припадници на шумските командоси, со 58 возила. Од воздух помагаат 10 авиони и осум хеликоптери, од кои еден е наменет за координација на воздушните операции.

Грчката служба за итни случаи 112 испрати шест пораки за информирање и евакуација на населението во поширокото подрачје на Перистерија, Ајас Клуб, Колонес, ППЦ Халиоти, Перани и Каки Вигла.

Во меѓувреме, грчката крајбрежна стража спроведува евакуација на капачи од плажата кај Сатерли. Во акцијата се вклучени бродовите „Музакитис“ и „Каравасилис“, глисерот „Рафнар“ на противпожарната служба и четири пловила на крајбрежната стража.

Според последните информации, од плажата се евакуирани околу 240 лица.

Би можело да ве интересира

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он