Припадници на српската полиција поради последици од врнежи интервенираа на територијата на градот Нови Сад, општина Беочин, Сремски Карловци, Зрењанин, Шабац, Рума и Ваљево.
Полицијата веднаш ги ангажираше сите ресурси во Нови Сад за да им помогне на загрозените граѓани, известуваат српските медиуми.
Пожарникарите и спасувачите евакуирале две лица од покривот на поплавен автомобил на улицата „Партизанска“ во Нови Сад и уште едно лице во Коцељева, каде се поплавени повеќе објекти.