(ВИДЕО) Драматични сцени пред Аја Софија: Верници го пробија кордонот, луѓе паѓаа во несвест

Од:

Верници и туристи кои дојдоа во Истанбул за да присуствуваат на првата молитва во Аја Софија откако има функција на џамија, предизвикаа помал инцидент кога го пробија полицискиот кордон за да дојдат поблиску до зданието.

Притоа, беа занемарени мерките против ширењето коронавирус, пишува АП.

Илјадници верници и туристи се собраа на улиците околу џамијата, а многумина спиеја во шатори во близина на Аја Софија.

Меѓу присутните на молитвата беше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Поради големиот број на улиците беа распоредени повеќе илјади полицајци за да се обезбеди собирот, а беа забележани и сцени, кога медицински лица ги изнесуват верниците кои од преголемата гужва и топлото време паѓаа во несвест.

Во меѓувреме, водачите на православната црква во Грција и во Соединетите Американски Држави најавија ден на жалост поради муслиманските молитви во Аја Софија.

Би можело да ве интересира

Сирискиот град Скалбија гради симболична Аја Софија

А1он

Во Сирија ќе се гради православна црква, копија на Аја Софија

Жарко Настоски

Архиепископот г.г. Стефан испрати писмо на сострадалност и поткрепа до вселенскиот патријарх Вартоломеј

Ана Ололовска

Германија: Одлуката на Ердоган за Аја Софија нема да помогне во преговорите на Турција со ЕУ

Жарко Настоски

Реакции во Грција по молитвата во Аја Софија: Турција ја навредува културата на 21 век

Жарко Настоски

Жално бијат камбаните во грчките цркви поради пренамената на Аја Софија во џамија

Ана Ололовска