(ВИДЕО) Додик запеа на контрапротестот во Бања Лука

Од:

Претседателот на Република Српска, Мирослав Додик на контрамитингот кој го организираше кажа дека српскиот народ има две држави-едната е Србија, а другата Република Српска.

На крајот на говорот претседателот на Република Српска ја запеа песната “Не ни може никој ништо, појаки сме од судбината.

Во Бања Лука, Додик свика контрапротест, по најавата за одржување на протест на опозицијата, на кој лидерот на опозициската СДС, Младен Босиќ побара предвремени претседателски и парламентарни избори, заедно со локални избори.

Опозицијата побара и преодна влада, која ќе ги спореведе изборите, исплата на боречките додатоци, субвенции за земјоделците, ставање вон сила на одлуките за поскапување на електричната енергија, и стопирање на распродажбара на природните богатства.

Опозицијата побара и расветлување на политичките убиства и корупциските афери, и воведување на принудна управа која ќе го управува јавниот радиодифузен сервис и од него ќе направи непристрасен и објективен медиум.

Би можело да ве интересира

Додик: Република Српска не го загрозува мирот во Босна и Херцеговина, се друго е лага

Дачиќ: Додик и Стевандиќ се државјани на Србија

Горан Наумовски

Додик: Следната недела ќе се вратам во БиХ

Горан Наумовски

Судот му ја прати пресудата на Додик, има рок од 15 дена да се жали

Горан Наумовски

Додик: Буквално сме принудени да се бориме за нашата слобода, немаме друга опција

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба