(ВИДЕО) Дачиќ: Србија и понатаму ќе биде најдобар пријател на Македонија

Од:

Србија нема никакви територијални, културни, ни какви било други намери или претензии кон Македонија, баш напротив – сака да продолжи да биде најдобриот пријател на македонскиот народ и на македонската држава, порача вчеравечер српскиот премиер Ивица Дачиќ на Светосавската академија во Македонската опера и балет (МОБ).

Тој во својот говор порача дека Србија и Македонија можеби имале и некои нерешени прашања, но дека е сигурен дека никаде нема повеќе разбирање за заедничките проблеми на Србите и Македонците отколку во Македонија.

– Тука во Македонија сакам да кажам она што и Свети Сава го зборуваше – љуби го својот ближен, а ние немаме поблиски од Србите и Македонците и останатите народи од поранешна Југославија – порача премиерот на Србија.

Тој на Србите им порача дека покажале зрелост кога за свој национален празник го избрале Свети Сава, оти светосављето е суштинска филозофија која враќа кон моралот и суштинските вредности. Според него, честа што Србите ја чувствуваат кога го прославуваат тој празник е уште поголема поради фактот дека им се придружуваат и други народи.

Дачиќ нагласи дека Србија е подготвена со своите соседи и Македонија да работи на остварување на визијата на иднината во ЕУ. Тој порача и дека меѓународниот фактор во минатото, но и сега, не се однесувал потполно во склад со националните и државните интереси на Србија, посебно осврнувајќи се на проблемот со Косово.

На академијата после Дачиќ се обрати и премиерот Никола Груевски, кој се сложи со својот српски колега дека двете земји работат на унапредувањето на меѓусебните политички, економски, културни и сите други односи. Тој укажа на извонредниот придонес кои во развојот на Македонија го дале истакнати Србија, кои, како што рече Груевски, дел од македонскиот мултикултурен и мултинационален мозаик и дел на заедничките вредности, порачувајќи дека од тоа имаат полза сите граѓани на Македонија.

– Вашите сограѓани Срби се значајни личности од сите сфери на животот и значително придонесуваат за развојот на Македонија. Тие се мост за развој на односите на Србија и Македонија – порача Груевски.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он