(ВИДЕО) Дачиќ: Кога треба да се игра оро за гости од Африка или да се пее, тука сум

Од:

„Осман ага“ во изведба на Ивица Дачиќ на приемот на Ердоган беше една од главните теми во медиумите во Србија, а и на Балканот изминативе денови.

Дел од јавноста му замери што му пеел на Ердоган, на турски јазик, меѓутоа ова не е прв пат Дачиќ да биде во центарот на јавноста при дипломатски средби и приеми.

Пред неколку седмици, за време на генералното собрание на ОН, Дачиќ му пристапи на Доналд Трамп и му покажал заедничка фотографија направена од пред тој да стане претседател.

– Нема тука ништо, Вучиќ понекогаш ми вика да отпеам нешто, за атмосфера, вели министерот Дачиќ, кој тврди дека тоа има ефект.

– Палестинскиот претседател Махмуд Абас ми рече дека ќе памети две вечери: кога го женел синот и вечерата со мене. Грчкиот претседател беше воодушевен кога му ја отпеав „Mi Mou Thimonis“ на грчки. Сергеј Шојгу и Сергеј Лаворв пееја заедно со мене. Ангела Меркел, Франсоа Оланд, Емануел Макрон, Кетрин Ештон, Федерика Могерини исто така беа воодушевени. Оланд ми рече дека сум најдобриот министер на светот. На Кетрин Ештон ѝ ја отпеав „Опрости ми Катрин“, а кога следниот пат се сретнавме во Брисел ме дочека со подарок. Италијанскиот министер ми се обраќа со „гранде Ивица“, објаснува Дачиќ.

Тој објаснува дека срдечноста е најсилното оружје.

– Ние сме мала земја, немаме пари, не сме големи и силни, немаме атомска бомба, но имаме шарм и гостопримство, тоа е нашето оружје, вели Дачиќ и додава дека посветеноста на гостите, а не неговата желба за пеење е суштината.

-Не е лесно. Се обиделе и други, но не успева на сите, се пофали Дачиќ.

Самоувереноста на Дачиќ во неговото пеење не е новост. За време на реконструкција на владата, во еден неофицијален разговор на прашањето дали очекува Вучиќ да го промени, Дачиќ одговорил дека нема шанси и објаснил дека тој најдобро ја врши работата.

– Кога треба некој да игра оро со гостите од Африка, тука сум. Кога треба некој да запее, да го омекне соговорникот, на мене може да се смета. Вучиќ е поинаков, строг. Заедно сме идеална комбинација и тој е свесен за тоа, рекол Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Дачиќ: Спасувачите се обидуваат да извлечат жена и девојче

Дачиќ: Откриена е голема измама, жртвите останале без милиони евра

Горан Наумовски

Дачиќ на средба со Мицкоски, разговарале за унапредување на односите

Предраг Петровиќ

Клинаку: Рамадани побегна од домашен притвор затоа што македонските власти сакаат да го екстрaдираат во Србија

Дачиќ: Бегството на терористот и воен злосторник Рамадани е скандалозно