ВИДЕО: Дачиќ бара автограм од Доналд Трамп

Од:

Кратката средба на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ и американскиот претседател Доналд Трамп и српските власти ја претставија како состанок со лидерот на најмоќната земја. Но оваа средба секако ќе биде забележана во светската дипломатија.

Дачиќ за време на заседанието во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк се приближува до Трамп кој седи помеѓу генералниот секретар на ОН и американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.

Дачиќ на американскиот претседател од зад грб му дава неколку страници со фотографии и според гестикулациите бара автограм, поради што Трамп вади пенкало од сакото.

Кога ги погледнува фотографиите, Дачиќ му покажува на американскиот претседател со прст: „Ова сум јас“.

Трамп го прашува како се вика за посветата да биде комплетна.

Станува збор за заеднички фотографии на Дачиќ и Трамп од ноември 2013 година, од времето кога уште не беше претседател на САД. Во тоа време Владата на Србија се обидуваше да преговара со компаниите на Доналд Трамп за изградба на луксузен хотел во Белград, од што не испадна ништо.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп