Неколку стотици граѓани денес од Беране ја испратија штафетата на братството и единството, која по обиколка на Црна Гора, Македонија и Србија ќе заврши во Куќата на цвеќето во Белград, каде што е погребан претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито.
Со симболи на поранешна СФРЈ, кореографија на фолклорен ансамбл облечен во носии на народите од просторите на поранешна Југославија, граѓаните на Беране, ја испратија штафетата симболот на заедништвото на југословенските простори.
–Нашето заедништво нема алтернатива и може да се реализира само доколку ги следиме идеите на Тито, и бидеме во состојба да ги разбереме – е пораката на сите народи и народности која во име на Лигата на антифашистите на југоисточна Европа ја прочита Анѓела Поповиќ, првиот носител на штафетата „Братство и единство“.
Во исто време штафети тргнаа и од Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина кон Кумровец, Титовото родно место, соопштуваат организаторите.
Елена Георгиевска