(ВИДЕО) Црна Гора пред хаос: Судири на полицијата и демонстрантите

Од:

Вечерва во Подгорица дојде до повеќе судири помеѓу полицијата и демонстрантите. Опозицијата бара техничка влада која ќе организира избори, затоа што е убедена дека со измама власта повторно ќе ги добие изборите.

Пред црногорското собрание вечерва се уапсени повеќе демонстранти, а помеѓу нив се и припадниците на Движењето за неутралност, Марко Милачиќ и Владислав Дајковиќ.

Уапсени се и претседателот на Извршниот одбор на Матица Српска, професорот Владимир Божовиќ и Бошко Вукичевиќ од движењето „Слобода на народот“.

Полицијата на демонстрантите вечерва фрли солзавец и две шок бомби, а специјалните единици се стационирани на сите главни улици во центарот на Подгорица.

Група демонстранти во која беа и повеќе професори пред полицијата викаа „Отпор, отпор“, по што полицијата почна да ги турка и ги собори на земја.

Претседателот на црногорското собрание за недела на пладне закажа итен состанок со лидерите на политичките партии на кој треба да се разгледа нарушената политичка и безбедносна ситуација во земјата.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба