Директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора (ИЈЗЦГ) Игор Галиќ изјави дека Владата на Црна Гора одлучила во следните две недели, од 20 јануари до 3 февруари, да дозволи работа на детски игротеки со сертификат за ковид, притоа обезбедувајќи најмалку 10 квадратни метри по лице.
Direktor @ijzcg, dr Igor Galić, konf. za medije povodom predstavljanja novih epidemioloških mjera: S obzirom na činjenicu da je u posljednjoj sedmici broj zaraženih 40 odsto manji u odnosu na nedjelju ranije, @VladaCG odlučila je da u naredne dvije sedmice ⬇️ pic.twitter.com/hQE7xatVox
— Vlada Crne Gore (@VladaCG) January 19, 2022
„Сите угостителски објекти можат да работат до полноќ, под услов да не е дозволена музичка програма со настап на пејачи, музичари или диџеи. Дозволено е емитување музика од звучници. Но, имајќи предвид дека бројот на новозаразени на дневна основа е сè уште висок, без разлика на општиот надолен тренд, сите останати мерки остануваат на сила“, рече Галиќ на прес-конференција за актуелната епидемиолошка состојба во земјата предизвикана од пандемијата на коронавирус.
Галиќ рече дека бројот на заразени е за 40 отсто помал последната недела во однос на претходната недела.
Тој рече дека ова е моментот кога пред се мора да ги предупредиме младите дека има „прелевање“ на инфекцијата од нив кај постарите лица.
„До оваа недела бележевме највисока инциденца кај возрасните групи од 19 до 40 години. Во последната недела, следствено, како што очекувавме, најмногу пациенти се во возрасната група од 40 до 65 години, а најголем пораст е во возрасната група над 65 години. Добра околност е што се вакцинирани во процент поголем од 70 отсто. Од друга страна, бележиме и пад на бројот на заболени кај малолетниците за околу 30 отсто“, рече Галиќ.
Тој рече дека околу 45 отсто од заболените деца се деца во основните училишта, околу 37 отсто се средношколци, а 18 отсто се деца од предучилишна возраст.
„Напоменувам дека меѓународните стручни студии покажаа дека вакцинираните луѓе заболуваат од поблаги форми и на омикрон. Особено лицата кои биле вакцинирани со три дози, затоа бараме од граѓаните да се вакцинираат и доколку не ја примиле третата доза, без одлагање да го сторат тоа“, рече Галиќ.