(ВИДЕО) Бугарски новинар загина во сообраќајна несреќа

Од:

Познатиот бугарски новинар Милен Цветков загина во сериозна сообраќајна несреќа во Софија.

„Цветков застана со неговиот автомобил црвено светло, кога џип со голема брзина се удри во него“, вели сведок кој ја видел несреќата.

Возачот на џипот е 22 годишно момче, за кое се уште не е потврдено дали било под дејство на алкохол или наркотици.

Цветков бил роден во 1966 година во Софија и е еден од најпрепознатливите ТВ лица во Буарија. Тој ја започнал неговата кариера во култната комедија од 90-тите на минатиот век „Ку-ку“, а потоа и како презентер на вести на Бугарската национална телевизија. Популарноста ја стекнал водејќи ја утринската емисија „Здраво Бугарија“, која започнала со емитување во 2000 година, а потоа и „60 минути со Милен Цветков“ која се емитувала од 2005 година.

Според статистката на бугарското Министерство за внатрешни работи, вкупно 623 луѓе загинале во сообраќајни несреќи во 2019, а 611 во 2018 година.

Минатата година 8,482 луѓе биле повредени во несреќи на патиштата.

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година