(ВИДЕО) Бугари запреле автобус во Белград, па го демолирале

Од:

Белградската полиција уапси четворица бугарски државјани под сомнение дека запреле автобус на автопатот во Белград, а потоа го демолирале.

Со брза интервенција на припадниците на МВР, интервентната единица 92 и сообраќајните патроли во Нов Белград во близина на „Арена“, запрен е автомобил со француски регистарски таблички во кој имало четворица бугарски државјани.

При претресот не е пронајдено оружје. Полицијата го запрела автобусот кој имал видливи оштетувања на ветробранското стакло.

Возачот на автобусот изјавил дека бугарски државјани го запреле автобусот на автопатот, но дека не пукале со пиштол, туку фрлиле пивско шише кон него и со ламба го искршиле ветробранското стакло на автобусот.

Сите учесници на настанот се приведени во полициска станица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Загина жена, а осуммина се тешко повредени во инцидентот во Штутгарт

Мајка во Загреб влезе во реката Сава со својата ќеркичка во јануари и ја уби, тело сега е пронајдено во Белград

Горан Наумовски

Инцидент во Италија: Автомобил прегазил неколку пешаци, најмалку едно лице загина

Пукано во газда на локал во Нов Белград – со него беа жена му, детето и седум обезбедувачи

А1он

(ФОТО) Тргнаа 11 автобуси од Македонија: Поддршка за Србија

А1он

Инцидент во Никшиќ: Каменуван е автомобилот на градоначалникот на Требиње