Елвис Шариќ од Ѓурѓевик кај Живница, е сопственик на кафулето „Kafe Laundž Legato“ каде што вчера вечер околу 23 часот интервенираше полиција.
Шариќ се жали на нивната реакција, а на видео-снимката се гледа како полицајците буквално ги влечат гостите од објектот.
„Моето кафуле, кое го водам со брат ми, максимално може да прими 80 гости, а вчера имаше од 20 до 25 луѓе. Околу 23 часот пристигна полициска патрола. Се занимавам и со музика и во својот локал имаме свирки во живо. На видео-снимката јасно се гледа. Гостите од кафулето на сила ги исфрлаат. Немаше потреба за тоа“, вели сопственикот.
Тој додава дека ќе пријави дел од полицајците затоа што постапувале крајно непрофесионално.