(ВИДЕО) Брнабиќ: Ректорскиот колегиум да одговори кој учествувал во обидот за воен удар

Од:

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска ги повика Ректорскиот колегиум, деканите, професорите, проширениот Ректорски колегиум и ректорот Владан Ѓокиќ да одговорат кој во име на Универзитетот во Белград учествувал, како што наведе, во обидот за воен удар и граѓанска војна.

„Кој учествуваше во ова и кој и потврди на Марија Васиќ дека се во контакт со синдикатите во српската армија, дека преговараат со Армијата како белградски универзитет и дека Белградскиот универзитет гарантира дека армијата ќе излезе на улица и дека ќе реагира?, праша Брнабиќ.

Брнабиќ додаде дека ректорот Ѓокиќ и проширениот Ректорски колегиум мора веднаш да одговорат на овие прашања од српската јавност.

„Не попладнево, не вечерва, не утре, туку веднаш. Кој, како што вели професорката Марија Васиќ, најавил дека војската ќе биде подготвена и ќе дојде на нивен повик, на повик на Универзитетот во Белград во случај на акција?, нагласи Брнабиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Директорот на српската полиција вели: Некој сака јавноста да не види што е пронајдено во Ректоратот

(ВИДЕО) Протест во Белград: Блокадерите повикуваат на линч на полицајци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снимката покажуваат колку граѓани дојдоа да ги поддржат студентите и Универзитетот во Белград

(ВИДЕО) Белград: Протест пред Ректоратот поради упадот на УКП, повеќе инциденти и конфликти меѓу полицијата и граѓаните

Горан Наумовски

Брнабиќ: Блокадерите не ја уриваат власта, туку директно ја уриваат државата

Брнабиќ: Пленковиќ се залага за усташкиот поздрав – Брисел молчи

А1он