(ВИДЕО) Борба со поплави и свлечишта во Србија: Се урна уште еден мост

Од:

Во 52 града и општини во Србија е прогласена вонредна состојба поради силното невреме и порјоните дождови кои направија огромни штети. За 24 часа евакуирани се околу 300 лица. Патиштата се оштетени, водата однесе мостови и предизвика одрони.

Српската полиција објави дека со чамци евакуирала дел од жителите на критичните региони.

Мостот на Западна Морава, кој ги поврзува чачачките села Мрчајевце и Слатина, рано утринава беше целосно уништен пред поројните дождови и обилните врнежи од дожд кои го зафатија Чачак и неговата околина.

Најкритично е во околината на Краљево, а со водената стихија се борат речиси во сите делови на централна и западна Србија. Водата го однесе мостот на Ибарската магистрала во Адране кај Краљево, па сообраќајот на тој дел од автопатот е во прекин. Поплавниот бран се движи кон Куршумлија, Прокупље и Дољевац.

Би можело да ве интересира

Москва: Се врши притисок врз Србија

А1он

(ВИДЕО) Масовен протест во Нови Сад

Медиуми: Генералниот штрајк во Србија не успеа, се работи како и обично

Искра Росо: Бев задржана од полицијата во Белград без јасно објаснување, издадена ми е едногодишна забрана за влез во Србија

ВИДЕО: Генерален штрајк, протести и блокади во Србија

Катерина Ѓуровски

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство