ВИДЕО: Блокада на трите моста во Нови Сад, на студентите им се приклучија граѓани од целата земја

Од:

Студенти денеска блокираат три моста во Нови Сад, по повод три месеци од уривањето на настрешницата на градската железничка станица. Блокадата на мостот на Слободата, Варадинскиот и Жежељскиот мост почна во 15 часот. Варадинскиот и Жежељскиот мостови ќе бидат блокирани три часа, а Мостот Слобода 24 часа. На студентите од Нови Сад им се придружија белградските студенти кои во четвртокот тргнаа пеш кон Нови Сад.

Покрај студентите на блокадите во Нови Сад има бројни граѓани, не само жители на овој град туку и од другите места, пред се од Белград. Учествуваат и земјоделците кои со трактори ги обезбедуваат блокадите. Поради големиот број луѓе, се создаде голема гужва на мостот Слобода, па студентите и редарите повикаа дел од граѓаните да се повлечат за да се задржи безбедноста на мостот.

Жителите на Нови Сад постојано им доставуваат храна, пијалоци и се друго што им е потребно на студентите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Студентите ја засилуваат блокадата: Работиме во најтешки услови, реагираше РТС

ВИДЕО: Четврти ден блокада, студентите остануваа пред РТС и за Велигден

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Студентите ја блокираа РТС, ќе останат неодредено

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пречек „како во Србија“ за студентите на велосипеди во Штутгарт

Не сте надлежен – студентите по медицина му одговорија на Вучиќ за посетата на повредените од пожарот во Кочани

ВИДЕО: Српските студенти тргнаа со велосипеди кон Стразбур