Пожарникарите во Грција втор ден ја продолжуваат борбата со огнената стихија на четири фронта.
Повеќе од илјада деца се евакуирани од летен камп, бидејќи пожарите кои избувнаа вчера се уште траат.
Противпожарните и спасувачките тимови, како и армијата во Грција, се обидуваат да ги локализираат пожарите кои избувнаа на повеќе локации, во источна Атика, Капарела, Лутраки и Дервенохорија, пишува „Катимерини“.
Најтешка е ситуацијата во Дервенорија, каде што непристапниот терен со засилен ветер и екстремните временски услови кои се очекуваат и денеска не дозволуваат ограничување на фронтот, бидејќи станува збор за густа шума која го поттикнува ширењето на пожарот, пишува грчкиот весник.
ATENCIÓN 🔥
Fuerte #incendioforestal avivado por ráfagas de viento cerca de #Atenas #Grecia 🇬🇷
Reportan se han emitido ordenes de evacuación en varias zonas costeras.#Athènes #Grèce #Greece #wildfire #Athens
Vía @FranceNews24 pic.twitter.com/TC0zPzQVhp— Geól. Sergio Almazán (@chematierra) July 18, 2023
Во крајбрежниот град Лутраки, западно од Атина, 1.200 деца беа евакуирани додека пожарот се приближи до нивниот камп.
Полицијата уапси маж осомничен дека подметнал нов пожар во Куварас, Атика, југоисточно од грчката престолнина.
Пожарите дополнително ги разгорува силниот ветер, а стотици пожарникари се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот.
Десетици луѓе мораа да ги напуштат своите домови во пошироката област со помош на екипи за итни случаи, а грчката влада соопшти дека оние чии домови беа погодени од пожарите имаат право на сместување во локални хотели и подоцна ќе бидат обесштетени.
#Wildfires burn in southeast Attica tonight, near Athens. #Greece #φωτιά pic.twitter.com/W8DKO55PIv
— Savvas Karmaniolas (@savvaskarma) July 17, 2023
Пожарите го загрозија сообраќајот во некои области, а полицијата беше принудена да затвори делови од националниот автопат Атина-Коринт.
Во прекин се и одредени линии на железничкиот сообраќај.
A fire has also been underway since the start of the day in Loutraki, 80km west of Athens. Several fires are underway tonight in Greece. #φωτια #Πυρκαγια #incendie pic.twitter.com/d6APhiyyLU
— European Union Club (@EuropeanUnionC) July 18, 2023
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој во моментов е во Брисел на самитот, изјави дека земјата прави се што е можно да помогне.
„Денеска во суштина е првиот тежок ден од ова лето. Нема сомнеж дека ќе следи уште. Шумски пожари се случуваа и ќе продолжат да се случуваат“, рече Мицотакис.
Според прогнозите, силниот топлотен бран што го зафати регионот не покажува знаци на стивнување, а грчката метеоролошка служба предупреди дека ризикот од нови пожари останува висок.