ВИДЕО: Баба Славна измислила дека спиела на јасен?

Од:

Кога се случија големите поплави во Србија, низ регионот се прошири вест за бабата, која што ги преживела поплавите, така што поминала цели два дена на еден јасен. Славна Лазиќ раскажа дека бегајќи од водената стихија, се качила на дрво на кое што поминала еден ден и две ноќи и чекала некој да ја спаси.

Како што рече кога се појавиле спасувачите, не верувала дека некој може да ја однесе, бидејќи има 120 килограми, а се наоколу било под вода. Кога престојуваше во „Комбанк Арена“, за српски „Телеграф“ ја раскажа својата мака, бидејќи била и ограбена.

Но, сега во јавноста се појави друга верзија на приказна, која што ја раскажа нејзиниот сосед, Драги Марковиќ.

-Откако ја знам, а тоа е околу четириесет години, таа само пласира лажни инфорации, но овој пат тоа го направи преку медиуми. Таа жена не беше на јасен, туку на највисокиот кат од својот домот и целото време комуницираше со мене, додека стоев на прозорец и чекав помош-изјави тој за „Б92“.

Тој исто така наведе дека целата приказна Славна ја слушнала од Весна Тепановиќ, која што навистина поминала ноќ на некое помало дрво.

Еве што изјави баба Славна:

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда