ВИДЕО: 60 луѓе трагаат по избеганиот лав кој слободно шета низ Будва

Од:

Младенчето лав кое од неодамна слободно шета во подрачјето на Будва, се уште не е пронајдено.

Во потрагата од денес се вклучија граѓаните и Агенцијата за заштита на животната средина на Црна Гора. Вкупно 60 луѓе учествуваат во потрагата.

Светската организација за заштита на природата изрази загриженост после веста за избеганото животно.

Дарко Савељиќ од Агенцијата за заштита на животната средина вели дека иако тоа е младенче лав, тоа може многу брзо да порасне.

„За два, три месеци ќе почне да јаде кучиња, мачки, луѓе и ситуацијата е прилично сериозна“, вели Савељиќ.

Тој истакнува дека Црна Гора во последните години има ужасни проблеми со криумчарењето на егзотични животни и дека тоа од ден во ден се забележува благодарение на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски