ВИДЕО: 20 лица повредени во тешка сообраќајка во Бугарија

Од:

Утрово во 7 часот и 30 минути, по бугарско време, се случила страотна сообраќајна несреќа во која се повредени дваесетина лица .

Патнички автобус што сообраќал на линијата Русе- Јуделник утрово излетал од патот и удрил во бетонска ограда од фарма која се наоаѓала покрај патот.

Во сообраќајната несреќа се повредени 18 лица, а исто така и возачот на автобусот кој бил притиснат при ударот. Пожарникарите го сечеле лимот на автобусот за да го извлечат.

Возачот – Ц.С. на 31 години, објаснил пред полицајците дека му се слошило и тоа довело до несреќата. Тој бил тестиран и за алкохол, но примерокот e негативен.

Полицијата, пожарникарските возила како и четири возила на Брзата помош веднаш пристигнале на местото на настанот.

Директорот на инспекторат за труд во градот Ирена Николаев објасни дека инспектори проверуваат дали работниците кои патувале во автобусот, имаат договори за работа.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме