Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле доцна попладнево пристигна во Тирана, во рамките на неговата мини балканска турнеја.
Според најавите, како што јави дописникот на МИА, тој утре претпладне ќе има средба со неговиот албански колега Едмонд Панарити, на која ќе разговараат за билатералните односи меѓу Албанија и Германија и за низа заеднички проекти.
Посета на Вестервеле на Тирана ќе профолжи со средби со шефот на државата Бујар Нишани, премиерот Сали Бериша и лидерот на опозициските социјалисти Еди Рама.
Вестервеле првично требаше да ја посети Тирана 14 февруари, но посетате беше одложена поради смртен случај во семејставото.
Според програмата, посетата на Вестервеле на Албанија завршува во 13 часот, по што тој ќе отпатува за Македонија.
Албанскиот амбасадор во Берлин, Валтер Ибрахими, посетата на Вестервеле на Тирана ја оцени како „многу значаен настан“ и „потврда за одличните односи меѓу Тирана и Берлин“. Оваа инаку е прва посета на Вестервеле на Тирана