Германија апелираше до лидерите на Албанија да стави крај на националистичката реторика неколку недеку откако од истата причина САД изразија загриженост за стабилноста на Балканот.
– Важно е емоциите и националистичките расположенија да бидат контролирани и третирани со голема одговроност и многу внимание, изјави шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле во Тирана и ги покани албанските политички партии да избегнуваат да играат на националистичката карта на парламентарните избори, што се закажани на 23 јуни.
Премиерот Сали Бериша, како и другите албански лидери во последните месеци ја засилија националистичката реторика и барање за создавање на голема Албанија,што предизвика вознемиреност во соседните земји, каде има албански етнички заедници.
– Албанија немала, нема и никогаш нема да има претензии кон своите соседи. Албанија ќе продолжи да ги поддржува како и досега мирот и стабилноста на Балканот, изјави албанскиот министер за надворешни работи Едмонд Панарити на прес-конференцијата со Вестервеле.