Весели одговори на поканата од Тачи за консултации за формирање нова влада на Косово

Од:

Лидерот на најголемата косовска опозициска партија, Демократската партија на Косово (ПДК), Кадри Весели одговори позитивно на поканата од претседателот на државата Хашим Тачи за консултативна средба за формирање на новата влада на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Портпаролот на ПДК Авни Битиќи потврди дека партискиот лидер Весели ќе се сретне со претседателот на државата утре во 11 часот, како што побара Тачи во официјалната покана.

Битиќи за порталот „Економиа онлајн“ изјави дека партискиот лидер ќе се сретне со шефот на државата, но оти нема некое политичко барање.

– Господинот Весели нема ниедно политичко барање, нарочито не во овие околности. Тој јасно ја изрази сопствената позиција дека е повеќе ориентиран кон пандемијата и економската ситуација во земјата. Што се однесува до политичките прашања, сметам дека ова е погрешен момент да се води политика во овие околности. Меѓутоа, претседателот на државата го покани и Весели сигурно ќе одговори на поканата, изјави Битиќи.

Веднаш откако на 23 март Собранието на Косово изгласа недоверба на Владата која ја води лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, претседателот Тачи најави дека ќе започне консултации со лидерите на парламентарните партии, со цел што поскоро да се формира нова влада.

Прв на консултации кај Тачи, за утре во 10 часот, е поканет Курти, како вршителот на должноста премиер и лидер на партијата победничка на последните парламентарни избори, одржани на 6 октомври минатата година.

Од ВВ и денеска, како и во неколку прилики откако Тачи минатиот вторник ги најави средбите со партиските лидери, нагласија дека нивниот лидер нема да одговори на поканата.

Партијата на Курти порача дека нова влада може да се формира единствено по вонредни парламентарни избори, кои треба да се одржат откако ќе заврши кризата со епидемијата на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина