Вехабиите потенцијална опасност за Црна Гора

Од:

Вехабиите во Црна Гора се потенцијална опасност за националната безбедност, поради што се и под надзор на службата за безбедност, соопшти денеска Агенцијата за национална безбедност.

– АНБ, во согласност со законските надлежности собира податоци, за дејствувањето на исламистичите структури со т.н. вехабијска идеолошка ориентација, кои се потенцијална опасност за националната безбедност, изјавија претставници на Агенцијата.

Иако во Агенцијата не можеа да кажат колку точно вехабии има во Црна Гора и во кои градови се најбројни, порталот ТВЦГ соопшти дека според неофицијални податоци во земјата се наоѓаат неколку стотици припадници на ова радикално исламистичко движење.

Тие, како што се наведува, се поделени во неколку групации, како „Групата Текфир“ и „Нусретовци“, следбеници на Нусрет Имамовиќ, лидер на дел од вехабиите во Босна и Херцеговина, кој во јавноста е познат по изјавата дека „самоубиствените напади не се забранети, но сепак треба да се користат во исклучителни прилики“.

Претставници на Агенцијата напоменуваат дека вехабиското движење е финансиски исклучително силно, поради што младите и сиромашните се лесна мета за регрутирање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски