Вететата во 2012 година беше најсилен бренд на пазарите во државите од поранешната Југославија, кога се во прашања брендови во тие држави, соопшти Подравка.
Овие резултати ги потврди истражувањето на брендoви на стока од широка потрошувачка, кое секоја година го спроведува агенцијата „Валикон“ и која го вклучува пазарот на Македонија, Хрватска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
-Ова признание јасно покажува дека производите на Подравка имаат врвен квалитет, а особено сме горди на тоа што во истражувањето учествуваа самите потрошувачи кои вегетата ја препознаа како бренд во кој имаат доверба, кој најмногу го препознаваат и користат- наведоа од Подравка.
Истражувањето е спороведено во сите држави од регинот, по примерот од 1.000 до 1.500 потрошувачи, а силината на брендот е утврдена според критериомот за препознавање, искуство и користење на брендот, се наведува во соопштението.
Елена Георгиевска