МУП ги повика граѓаните од утре од 7 до 19 часот да го предадат своето нелегално оружје во локалната полициска станица.
Како што се наведува, граѓаните немаат апсолутно никаква кривично-правна или прекршочно-правна одговорност за ова, како и обврска да го образложат потеклото на ова оружје.
Предавање на оружјето не мора однапред да се најавува, но потребно е оружјето да се предаде на начин за да не се вознемирува јавноста.