Васиљевиќ: Шестмина полицајци повредени, десетици хулигани приведени

Од:

Директорот на српската полиција, Драган Васиљевиќ, апелираше до граѓаните да го почитуваат законот и нагласи дека полицијата ќе го одржува јавниот ред и мир, но дека никој не може да очекува од нив да не реагираат на нападите.

Васиљевиќ вели дека синоќа десетици демонстранти биле приведени во центарот на Белград, шест полицајци биле повредени во немирите, и дека сите полициски единици дејствувале исклучително професионално и употребиле минимална сила.

Тој нагласи дека десетици демонстранти и хулигани биле приведени и ќе бидат кривично гонети.

„Шестмина полицајци се повредени, дијагнозата на нивните повреди е во тек, а имаме и двајца повредени граѓани кои побарале помош во Ургентниот центар, но не знаеме какви повреди имаат“, рече Васиљевиќ.

Тој рече дека Министерството за внатрешни работи и Управата на полицијата најостро ги осудуваат сите напади врз полицајци, како и нападите врз државен имот и институции.

Би можело да ве интересира

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

А1он

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија

Приведен e командантот на САЈ, Игор Жмириќ и неколку членови на ЈЗО

Горан Наумовски

Кос: Извештајот за проширувањето содржи 3 нови елементи, Србија има шанса за нов почеток