Вашингтон очекува Грција да одигра многу важна улога во Македонија

Од:

Минатата, 2018 година, беше една од најпродуктивните години во историјата на грчко-американските односи, оцени висок американски претставник на брифинг во грчката метропола, пренесува АНА-МПА.

Говорејќи пред повеќе грчки новинари, американскиот дипломат конкретно посочи дека во односите меѓу двете земји минатата година е направен прогрес во трговијата, безбедноста, одбраната. Продолжувајќи во истиот дух, тој испрати порака дека двете држави мора да го искористат и надградата моментумот во нивните билатерални односи.

-Американската посветеност во односите со Грција се темелат на заеднички интерес, изјави тој.

Според него, САД и понатаму ќе останат ангажирани во Македонија и ќе продолжат да работат во насока на „сеопфатната имплементација на Преспанскиот договор“, додавајќи дека Вашингтон очекува „Грција да одигра многу важна улога во Македонија“.

Говорејќи конкретно за бенефитите од Преспанскиот договор, американскиот претставник изјави дека во неговата земја на Грција се гледа „како на земја која извезува стабилност и доверба во поширокиот регион“ и изрази мислење дека токму Грција е вистинскиот добитник со Преспанскиот договор, како во поглед на бенефитите што ќе ги има по неговата целосна имплементација, така и во поглед на решавањето на прашањето на името, но и заради потенцијалот да постигне дополнителни позитивни исчекори во односите со Албанија, Косово и Србија.

Запрашан што ќе следи откако ќе бидат исполнети одредбите од Преспанскиот договор, американскиот дипломат изјави дека „САД веднаш ќе го признаат грчкиот северен сосед како Република Северна Македонија и оти очекува дека и повеќето земји ќе постапат на истиот начин, како што граѓаните на оваа земја го направија тој избор преку своите законски, суверени и демократски механизми“.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната