Варуфакис има поддршка од грчката влада и ќе ја претставува земјата во Еврогрупата

Од:

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакс има поддршка од премиерот Алексис Ципрас и ќе учествува на следната средба на министрите за финансии на земјите од еврозоната, изјави денеска владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис, објави весникот „Катимерини“.

– Шеф на преговарачкиот тим е Варуфакис, кој има целосна доверба од Владата, истакна Сакеларидис.

Варуфакис остана во заден план во тимот на Грција кој преговара со меѓународните кредитори, откако премиерот Ципрас изврши промени во составот.

Премиерот Алексис Ципрас минатата недела одлучи да го именува заменикот министер за надворешни работи Евклидис Цакалоос како координатор на работата на тимот за преговори, иако официјален шеф на тимот останува Варуфакис.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија