Варуфакис: Договорот од Преспа имаше маргинално влијание на резултатите од изборите во Грција

Од:

Сметам дека влијанието што го имаше Договорот од Преспа беше маргинално во резултатот, вели поранешниот министер за финансии на Грција, а сега лидер на партијата Мера25, Јанис Вруфакис одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на неговата процена колку решението меѓу двете земји беше пресудно на европските избори во неделата.

Варуфакис на прес-конференцијата во Атина, на која соопшти дека тие, како Мера25 ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори, во однос на Договорот од Преспа рече дека тие го поздравуваат иако сметаат дека бил склучен „поради погрешни причини“ и на недемократски начин.

-Иако Договорот од Преспа беше едно важно прашање кое го подели народот и партиите. И во Мера25 имавме несогласувања, но ние, несогласувањата ги претвораме во можности имавме многу плоден дијалог и стигнавме до електронски референдум преку кој решивме за тоа која ќе биде нашата линија за Договорот од Преспа. Сметам дека влијанието што го имаше прашањето со Договорот од Преспа беше маргинално во резултатот, рече Варуфакис на прашањето на МИА и објасни дека резултатите во неделата „беа логички, математички завршеток“ на четиригодишната политика на СИРИЗА во економијата, „независно од Договорот од Преспа“.

Варуфакис ги анализираше позитивните аспекти на Договорот од Преспа, за името рече дека навистина е „Северна Македонија ако размислиме дека географски припаѓа на северниот дел од античката грчка Македонија“, а ги спомена и преименувањата на аеродромот и автопатот.

-Во однос на прашањата за јазикот и идентитетот, да бидеме јасни. Ние како Мера25, како Дием25 имаме позиција, која не е само за конкретниот народ, имаме став за самоопределување. Немам право јас да му кажам на некој друг како се чувствува или како се вика неговиот јазик, особено кога детството го поминав читајќи ја Пинелопи Делта, во чии книги, конкретниот јазик се наведува како македонски, вели Варуфакис.

Поранешниот министер за финансии на Грција, истакна дека нивната критика за Договорот од Преспа е тоа што промената на учебниците е во надлежност на Министерствата за надворешни работи на двете земји.

-Не е работа на Министерствата за надворешни работи да ги пишуваат учебниците по историја од кои учат нашите деца. Тоа е нешто кое ние ќе го смениме, до степен до кој можеме, рече Варуфакис.

Проблемот со името го анализираше и како прашање на национална безбедност, односно го постави прашањето „која е најголемата закана за Грција од северната граница?“

-Не е Скопје,туку се Албанците. Не денешната Албанија, туку една потенцијална Голема Албанија која би била производ на спојување на Косово, Албанија и Тетово во случај Северна Македонија да се распадне, рече Варуфакис и додаде дека ваквото сценарио би било „најголемиот подарок за Ердоган и за турската политика“.

Поранешниот министер за финансии во владата на Ципрас, а сега прв човек на Мера25 соопшти дека партијата ќе учествува и на парламентарните избори во Грција на 7 јули, а на прашањето на дописничката на МИА од Атина, какви се нивните очекувања, рече дека не сака да дава предвидувања, тие прават се што можат и оставаат на демократијата и граѓаните да одлучат.

Иако по објавените првични резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција за европските избори, Мера25 имаше над 3 отсто од гласовите и доби еден европратеник, како што течеше пребројувањето, падна на 2.99 отсто и го изгуби местото во Европскиот парламент. Варуфакис рече дека тие нема да побараат одново да бидат преброени нивните гласовите на евроизборите одржани во неделата.

На прес-конференцијата на Мера25 во Атина, присутна беше и сопругата на Варуфакис, Данаи Страту која воедно се најде на листата кандидати за европратеници од партијата на поранешниот министер за финансии на Грција.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната