Вархеји: Проширувањето на ЕУ гаранција на мирот и стабилноста на Западен Балкан

Од:

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји го поздрави денешното присуство на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан на состанокот на Советот на ЕУ, со порака дека регионот е стратешки приоритет за ЕУ.

„Политиката за проширување на ЕУ е единствената гаранција за мир, стабилност и просперитет во регионот. Неопходно е да се постигне напредок во пристапните процеси на Западен Балкан. Сите одлуки на ЕУ во таа насока мора да се донесат итно“, напиша Вархеи на својот твитер-профил.

Вархеји заедно со шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, присуствува на денешн иот заеднички состанок во Брисел на 27-те министри за надворешни работи на ЕУ и шесторката од Западен Балкан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан

Кошта: Иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во ЕУ

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт