Ужас во Хрватска: 20-годишна девојка убила новороденче и го фрлила во бунар

Од:

Управата на полицијата Лика-Сењ соопшти дека уапсила жена која пред две недели, на 4 август, убила новороденче.

„Полициските службеници од Службата за криминалистичка полиција, полициската управа Лика-Сењ завршија обемна и сложена кривична истрага во врска со откривањето на телото на новороденче во областа Перушиќ, кое беше пронајдено на 4 август 2023 година.

Од спроведената кривична истрага е утврдено дека осомничената, 20-годишна хрватска државјанка, сторила кривично дело тешко убиство. Имајќи ја предвид заштитата и благосостојбата на семејството, не можеме да изнесеме повеќе детали од спроведените криминални истраги“, соопштија од полицијата.

Порталот Слободна Лика објави дека во селски бунар во местото Прван Село кај Перушиќ е пронајдено тело на новороденче. Го пронашол сточар кога дошол да земе вода од бунар за да си го напои стоката. Новороденчето е пронајдено во речиси напуштена населба, па се претпоставува дека е донесено таму.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска