Уставниот суд на Косово времено го суспендира декретот на Тачи за формирање нова влада

Од:

Уставниот суд на Косово доцна попладнево донесе времена мерка за суспендирање до 29 мај на дејствијата по однос на декретот на претседателот на државата Хашим Тачи за доделување мандат за формирање нова влада на Косово на кандидатот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи вчера го достави до Собранието на Косово предлогот за именување на Хоти за нов премиер, откако на 25 март беше изгласана недоверба на кабинетот предводен од лидерот на Движењето самоопределување (ВВ) Албин Курти.

Веднаш по декретот на Тачи, ЛДК поднесе барање до Собранието за свикување вонредна седница, која би требала да се одржи утре, на 2 мај, а речиси истовремено партијата на Курти достави барање до Уставниот суд на Косово за оценка на уставноста на одлуката на претседателот на Републиката, барајќи истовремено времена мерка на забрана на дејствија кои произлегуваат од тој декрет.

Според партијата предводена од вршителот на должноста премиер, Курти, декретирањето на Хоти од страна на Тачи претставува прекршување на Уставот и единствен начин да се избере нова влада, откако на онаа предводена од ВВ на 25 март ѝ беше изгласана недоверба, е организирање нови парламентарни избори, кои би се одржале откако ќе помине пандемијата на Ковид-19.

Тачи, како и ЛДК и останатите партии кои се согласија да коалицираат во новата влада, сметаат дека нема потреба од нови избори, туку новата влада треба да ја формира партија или коалиција која ќе обезбеди мнозинство во актуелниот собраниски состав.

ЛДК и нејзиниот кандидат за премиер објавија дека новата влада ќе ја формираат заедно со опозициските Алијанса за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај и Социјалдемократската инцијатива (Нисма) на Фатмир Лимај и со најголемата парија на косовските Срби, Српската листа и со другите партии на немнозинските етнички заедници во Косово.

По денешната одлука на Уставниот суд се очекува дека и Собранието ќе го отфрли барањето на ЛДК утре да се одржи вонредна седница за избор на нова влада.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина