Уставниот суд ја отфрли жалбата на Додик

Од:

Уставниот суд на БиХ денеска не ја прифати жалбата на Милорад Додик против пресудата на Судот на БиХ со која тој беше осуден на 1 август на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавна функција, поради непочитување на одлуките на високиот претставник.

Адвокатот на Додик, Горан Бубиќ, објави дека ќе биде поднесена жалба до Уставниот суд на БиХ, наведувајќи дека ова се чекори потребни за понатамошна жалба до Европскиот суд за човекови права.

Додик беше прогласен за виновен за потпишување на декрет за донесување закон што високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, претходно го поништи.

Со овие закони, законодавните тела во РС се обидоа да го спречат спроведувањето на одлуките на Уставниот суд на БиХ и на Високиот претставник на територијата на овој ентитет на БиХ.

Би можело да ве интересира

Додик: Унгарија не нè напушти дури ни кога предизвиците беа најголеми

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Додик со песна ја прослави победата: “Само тако, само тако…“

Катерина Ѓуровски

„Сакавте да се ослободите од Додик, а добивте двајца“ – хаос по изборите во Република Српска

Република Српска утре го избира наследникот на Додик

А1он

Додик: Мирот се зачувува преку почитување на Дејтонскиот договор, а не преку диктатура и политичко насилство

Горан Наумовски

Додик: Доаѓа време кога позицијата на Република Српска ќе се подобри уште повеќе