Барич е успешно евакуиран, а базните постројки се под контрола, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Во соопштението се истакнува дека нема место за паника.
Барич се наоѓа во близина на најзасегнатиот град Обреновац и 30 километри од Белград.
Претходно општинскиот штаб за вонредни ситуации во Сремска Митровица донесе одлука за прогласување на превентивна евакуација на населението од поединечни делови на градот и од местото Лачарак.
– Нивото на река Сава е на највисоко ниво во историјата и во моментот изнесува 652 сантиметри, а според прогнозите и понатаму ќе расте, изјави денеска началникот на Генералштабот на Војската на Србија, Љубиша Дикович.
Тој истакна дека нивото на реката расте по три сантиметри на час и оти и понатаму се преземаат мерки за заштита на граѓаните на Шабац.
Заменик-градоначалникот на Белград Андреја Младеновиќ изјави дека Белград има капацитети за прием на евакуираните жители од Обреновац и од Барич. Тој наведе и дека во здравствените центри се ослободени доволно места за граѓаните на кои им е потребна медицинска помош.
Хеликпотерската единица на српското Министерство за внатрешни рабвоти до 18 часот евакуира 1.548 луѓе, меѓу кои најголем број се жени, деца и постари лица.