Урнати мостови и куќи при поплави и лизгање на земјиштето во Албанија

Од:

Обилните и интензивни дождови што ја зафатија Албанија последниве денови, предизвикаа поплави кои однесоа неколку мостови, а во селото Нграце, кај  градот Малакастра, е регистирано големо свлечилиштево кое оштетени повеќе куќи.

Како што јави дописиникот на МИА, локалните власти потврдија дека при масовното лизгање на земјиштето се оштетени најмалку 12 куќи, од кои шест се речиси целосно урнати. При оваа елементрана непогода нема жртви, а властите преземаат мерки за сместување на лицата кои останаа без покрив над главата.

– Големото лизгање на земјиштето предизвика голем потрес и во другите делови на селото. За среќа, нема жртви. Апелираме  до остнатите жители на оштетените куќи да ги напуштат објектите, изјави албанскиот министер за транспорт и јавни работи, Сокол Олдаши, додавајќи дека се е подготвено за евакуација на жителите чии куќи се оштетени, како и за оние кои се во близина на свлечилиштето.

Надојдена река урна мостот кај тиранското село Голема Пеза, отсекувајќи ги неговите жители, бидејќи тој им беше единствена врска со светот.

Поплавени населби има во повеќе делови на Албанија, посебно на подрачјата на Фиер, Драч, Елбасан, Валона, Ѓирокастро и Скадар.

Претходно голем одрон од кал и камење имаше во близина на селото Мамез на делница од автопатот Драч-Кукс, што блокираа околу 70 метри од коловозот.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски