Унмик: Изјавата на Харадинај е резултат на лошо толкување

Од:

Унмик останува посветен на својата улога да му служи на народот на Косово во рамките на мандатот кој мисијата го доби од Советот за безбедност, изјави за Танјуг портпаролката Санам Долатшахи по повод изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека приштинските институции ја прекинале комуникацијата со мисијата.

– Изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај веројатно е резултат на погрешно толкување на извештајот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во некои медиуми, рече Долатшахи.

Харадинај вчера соопшти дека Косово ја прекина комуникацијата со Мисијата на Обединетите нации во Косово (УНМИК), додавајќи дека писмата што оваа Мисија ги праќа до ОН „не се одраз на вистината“.

Како што јави Радио Слободна Европа, изјавата на Харадинај следи откако генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени дека најголем проблем во односите меѓу Белград и Приштина е таксата од сто отсто на српската стока.

– Ние не комуницираме повеќе со нив. Луѓето на УНМИК ги пишуваат тие писма и ги праќаат таму. Не сметам дека тоа е одраз на вистината. Тензиите меѓу Косово и Србија, ако сакаме така, ги создаде војната, нанесените штети и големата болка, како и нерешавањето на односите со еден договор за признавање. Додека нема договор, нормално е дека ќе има тензии, рече Харадинај за време на посетата на фабриката за преработка на компири во Вучитрн.

Харадинај, исто така, нагласи дека нема да има никакви корекции на границата меѓу Косово и Србија и оти Приштина е подготвена за договор кој ќе ги регулира сите теми, а не за договор чија цел се територии и граници.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, претходно во Њујорк изјави дека ако мала корекција на границата е цена за конечен мировен договор, тогаш тоа ќе мора да биде прифатливо и повтори дека езерото Газивода, Митровица и Трепча се ресурси за кои не се преговара. Тој истакна дека Косово е подготвено за дијалог, но без условувања.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина