Универзитетот во Приштина именуван „Хасан Приштина“

Од:

По предлог на косовското Министертво за образование и наука, Владата во Приштина донесе одлука Универзитетот во Приштина во иднина да го носи името на албанскиот патриот и идеолог на албанската држава, Хасан Приштина.

– Името на Хасан Приштина за Универзитетот во Приштина претставува чест за оваа институција и тоа беше моја идеја уште од поодамна – изјави премиерот Хашим Тачи и додаде дека периодот на одбележување на 100-годишнината од независнота на првата албанска држава му дава значење на ова именување.

Премиерот Тачи потоа предложи Националната и унверзитетска библиотека да го добие името на Пјетер Богдани, додека Историскиот институт името на Али Хадри, и двајцата големи личности од албанската култур. Владата донесе одлука со која се усвојуваат предлозите за именување на трите институции од областа на културата, образованието и науката на Косово.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски