Уништени 2.000 ракети и мини во експлозија во воена фабрика во Бугарија

Од:

Во експлозија во склад на воената фабрика „ВМЗ“ Сопот во селото Иганово, во јужниот дел на Бугарија, се уништени околу 2.000 ракети и мини, изјави бугарскиот министер за економија Божидар Лукарски.

Лукарски истакна дека станува збор за шестото складиште во рамки на базата „ВМЗ“, како и дека во синоќешната експлозија нема жртви.

Бугарските власти работат на утврдување на причините за несреќата. По експлозијата избувнал пожар, што се проширил на локалните дрвја, поради што се евакуирани жителите на селото Иганово.

Според бугарските медиуми на местото на експлозијата останал голем кратер, а магацинот речиси е целосно уништен.

ВМЗ е најголема воена компанија во Бугарија. Погонот во Иганово е големо складиште за воена опрема, а произведува и проектили. Ова е втора експлозија во погонот, откако во јануари 2012 година беа повредени тројца работници.

Фабриката е основана во 1936 година и е составена од шест фабрики во кои работат над 3.000 луѓе. Фабриката произведува противтенковски проектили, ракети, артилериска муниција и експлозив.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ