УНХЦР: Србија и Македонија пропуштаат само Сиријци, Ирачани и Авганистанци

Од:

Србија и Македонија го ограничија пропуштањето на имигрантите преку своите граници и на нивните територии дозволуваат влез само на бегалци од Сирија, Иран и Авганистан, соопшти денеска Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) во Белград.

Како што јави Танјуг, портпаролката на Канцеларијата на УНХЦР, Мелита Шуњиќ изјави дека двете земји ги враќаат имигрантите од другите држави, па така стотици од нив останале на границите.

– Од вчера од 18 часот, Србија почна во Македонија да ги враќа сите имигранти кои не се од Сирија, Ирак и Авганистан, нагалси Шуњиќ, додавајќи дека по ова, во текот на ноќта, околу 3 часот, и македонската полиција почнала да не им дозволува влез во земјата од Грција на имигранти кои не се Сиријци, Ирачани  или Авганистанци.

Таа нагласи дека поради ова околу 100 бегалци „останале заробни на ничија земја“.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он

Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат сами да се грижат за себе

А1он

Митаракис: Грција спречува нелегални заминувања од земјата

А1он