Унгарија ја потврди поддршката во евротеграциските процеси за Албанија и Западен Балкан

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, кој е во посета на Тирана, вечерва имаше средба со претседателот Илир Мета.

-Претседателот Мета високи ги оцени традиционално многу добрите односи меѓу двете земји и нашите два народа, истакнувајќи ја важноста од зголемување на економската и трговската соработка и унгарските инвестиции во Албанија кои се добредојдени, информираа од кабинетот на Мета.

Се додава дека претседателот Мета му се заблагодарил на министерот Сијарто за поддршката на Унгарија кон процесите на евроинтеграција на Албанија и Западен Балкан како целина, како и за помошта и поддршката на неговата земја во рамките на V4 и V4-WB6.

-Шефот на државата исто така изрази благодарност за поддршка на Унгарија во реконструкцијата на погоденте подрачја од катасрофалнот земјотрес што земјата ја погоди на 26 ноември минатата година, како и за нејзината помош во справувањето со пандемијата со Ковид-19, посочуваат од кабинетот на Мета

Сијарто од своја страна ја нагласил определбата на неговата земја за подршка на Албанија и земјите од Западен Балкан во евронтеграцските процеси, како и помошта и подршката за Албанија во повеќе области.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Будимпешта не сака огромно количество оружје во своето соседство

Орбан: Унгарија од самиот почеток беше на страната на мирот

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината