Во Мостар преку ноќ исчезнал споменикот на Брус Ли, а стои само добро познатиот постамент на кој пишува: „Брус Ли – Твојот Мостар“.
Никој од надлежните не знае што се случува, со што е исклучена претпоставката за редовно чистење и одржување на споменикот. Статуата на Брус Ли во Мостар е поставена уште во 2005 година.
Според босанските медиуми, ниту комуналните претпријатија ниту општината знаат што се случува со бистата. Жителите на куќите во близина на споменикот изјавиле дека тој бил таму во текот на денот, додека биле будни, а едно утро веќе го немало – со што заклучуваат дека е украден во текот на ноќта.